ТЕРОРИСТИ ОД ЗАТВОР СО ПОДДРШКА ЗА СДС: Уште една потврда дека терористите и Заев се во коалиција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мухамет Красниќи, познат како командант Малишева, уапсен по антитерористичката акција во Кумановско „Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година, преку писмото испратено од затвор во весникот “Бота Сот”, ги повика сите Албанци за општа мобилизација за национално единство, сега истиот јавно даде отворена поддршка на СДС

 

Мухамет Красниќи, познат како командант Малишева, уапсен по антитерористичката акција во Кумановско „Диво насеље“ на 9 и 10 мај 2015 година, преку писмото испратено од затвор во весникот “Бота Сот”, ги повика сите Албанци за општа мобилизација за национално единство. Насловено како „Крвта нѐ повикува на сеопфатно мобилизирање за национално обединување“, Красниќи повикува на „задача, која ни е обврска кон татковината, и пред сѐ, не ја изневерувајте татковината преку соработка со непријателите и со нивните тајни служби“.

Овој пат, Мухамет Красниќи на својот ФБ профил даде отворена поддршка на СДС за локалните избори повикувајќи во Арачиново да се гласа кандидатката Миликије Халими.

Овој текст на неговиот ФБ профил го сподели и претседателот на општинската организација на СДС во Арачиново, во кој се вели дека „командантот“ повикал на поддршка за СДС, притоа заборавајќи дека промовира терорист кој пукаше по Македонската полиција.

Во писмо кое го напишал од затворот, за кое се претпоставува дека го добил за време на посетата на Зоран Заев во Идризово, терористот 100% застана позади СДС повикувајќи албанците од Арачиново да гласаат за Миликије Халими. Ова уште еднаш ја потврдува тезата дека Зоран Заев и СДС, преку Мухамед Зекири биле во блиска комуникација со терористите пред терористичкиот напад во кумановската населба Диво Насеље.

Дека терористите соработувале со Заев и СДС, покажува и сведочењето на Сулејман Османи еден од терористите, во кое вели дека тие биле во директна комуникација со членови на сегашната влада на Зоран Заев.

Тој спомна само едно име, кој е дел од таканаречените “Месии”, Садула Дураку, градоначалникот на Липково. Почнавме да се сомневаме дека нешто не е во ред и побарав да одиме во Липково а не во Куманово, бидејќи Дураку беше еден од „Месиите„ заедно сонеколку други, рече Османи во судот.

Освен Дураку, во организацијата на нападот биле инволвирани и Бујар Османи и Хазби Лика, и двајцата потпретседатели во владата на Зоран Заев.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This