ТЕРОР НА УЛИЦИТЕ НА СКОПЈЕ: Ограбен уште еден дуќан во Аеродром, полицијата ниту гледа, ниту слуша – печали од дружбата со криминалците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полека но сигурно, Скопје се претвара во оаза на криминалот, а корупцијата и полициско-мафијашките наместо девијантна појава, стануваат нормална, секојдневна бизнис релација која секогаш завршува на штета на граѓаните

 

Утринава, во општина Аеродром е ограбен уште еден дуќан, поточно млечниот ресторан „Ваташа“. Крадците, ја искршиле бравата и слободно се прошетале во дуќанот кој се наоѓа во првиот ред на булеварот Јане Сандански. Дотолку повеќе е дрскоста на крадците поголема, што не ги одвратиле ниту камерите од соседната банка. А, зошто би биле загрижени, кога тие се ујдисани заедно, рака под рака со полициајта, која наместо да ги штити граѓаните, се става во служба на криминалците. А, овие пак, во служба на полицијата и политичарите. 

Ова не е прв ваков случај во Аеродром. Имено, во изминатите шест месеци во општината се живее под постојан страв дека некој би можел да ве нападне и ограби во среде бел ден на улица, а притоа да немате каде да се обратите. 

Се палат автомобили, се пљачкосуваат бизниси, се убиваат деца пред своите домови. Полицијата, секако ниту гледа, ниту слуша. Про-форма записниците служат како лист хартија кој ќе сведочи на теророт кој го доживуваат жителите на Аеродром, и граѓаните на Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This