March 28, 2024, 10:15 am

ТЕТОВО СТАНУВА ЕДНА ГОЛЕМА ДЕПОНИЈА: Дива депонија го затрупува Тетово, Теута мува не ја лази додека Заев се вози со Мерцедесот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тоните натрупан смет, тешката миризба што постојано се шири и постојана опaсност од избивање зараза. Вака изгледа депонијата во Тетово која и понатаму се заканува по здравјето на граѓаните. На удар на токсичните материи пред се е населението од населбата „Деребој“.

 

Нивните домови се наоѓаат на само десетина метри од депонијата. Пред една седмица тие повторно протестира. Бараат од  општинските власти под итно дивата депонија да се да се префрли на друг дел од градот и еднаш за секогаш да се најде трајно решение за овој проблем, пренесува ТВ Нова.

Управувањето со отпадот е во надлежност на локалната самоуправа. Од таму со години ветуваат дека големата тетовска депонија која е на влезот на градот ќе биде расчистена, но тоа сè уште не се случило. И од ЈКП Тетово досега во повеќе наврати најавуваа дека наскоро ќе започне да работи транспортната станица во која сиот смет прво ќе се пресува па како таков ќе се носи во депониите Русино и Дрисла.

Чадот од растопени пластики, гуми и разновиден отпад исполнет со хемикалии е многу опасен – предупредуваат и од Центарот за јавно здравје во Тетово. Ваквиот депониски чад содржи многу канцерогени материи од типот на диоксини и дурани со што ризикот по здравјето на луѓето е огромен и тоа не само за хроничко заболените лица и за дрцата туку и за сите останати.

И стружани мака мачат со депонијата која особено деновиве го загадува воздухот и емитува канцерогени честички штетни по здравјето. Депонијата која е хроничен проблем на стружани, два месеца постојано горше, а поради густиот чад и непријатната миризба кои се ширеа низ градот граѓаните на Струга организираа протести на кои бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот од градот и околните населени места.

Граѓаните и покрај тоа што како што велат редовно ги плаќаат трошоците за комуналии не се задоволни од работата на надлежните служби. Сметаат дека депонијата треба да се дислоцира депонјатра како и да се најде долгорочно решение за проблемот.

Тетовчани стравуваат дека би се соочувале со истиот проблем како стружани доколку избие пожар од депонијата на влезот од Тетово.  Планините од смет во Тетово и во Струга од ден на ден стануваат се поголеми, а  граѓаните се се позагрижени за нивното здравје. Очекуваат надлежните органи да преземаат конкретни мерки пред да избие уште една еколошка катастрофа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This