ТЕУТА АРИФИ, ИЗЕТ МЕЏИТИ И НЕВЗАТ БЕЈТА ГО НАПУШТИЈА СОСТАНОКОТ: Противниците на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во ДУИ го напуштија состанокот во Мала Речица!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Функционерите на ДУИ кои не се согласуваат со формирање на Влада во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ го напуштиле состанокот на Централното претседателство на интегративците во Мала Речица, јави телевизијата 21 повикувајќи се на информации од местото на настанот

dui-zgrada-98287

Според истиот извор, состанокот го напуштиле Невзат Бејта, Теута Арифи и Изет Меџити. Сите важат за блиски до СОРОС и противници на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквиот развој на настаните во новинарските кругови се коментира како јасен показател во каква насока се движи вечерашниот состанок на највисокото партиско тело на ДУИ.
Се претпоставува дека тие си заминале откако Ахмети пресекол дека ќе се коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Последната информација која стигна од ДУИ беше дека состанокот се уште трае и дека одлуката не е донесена.
Според партискиот статут на ДУИ, Ахмети има право сам да ја донесе одлуката за идното коалицирање на партијата, а Централното претседателство на интегративците има само советодавна улога.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This