ТЕУТА АРИФИ И НЕВЗАТ БЕЈТА БИЛЕ НА СОСТАНОК СО ЗАЕВ: Поднеле предлог за владина коалиција со СДСМ – Заев задолжен кај радикалите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Невзат Бејта и Теута Арифи биле двајцата потпретседатели на ДУИ, воедно и градоначалници на Гостивар и Тетово кои присуствувале на средбата со раководството на СДСМ вечерва

bejta_kola

Како што дознаваме, Бејта и Арифи во седиштето на СДСМ пристигнале со предлог за коалциија, барајќи двојазичност на цела територија, министер за внатрешни работи и Претседател на Собранието на Р.Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=B_5zqJ1LUPQ

Освен, ова од ДУИ барале коалицијата да биде во состав ДУИ+СДСМ+Алијанса на Албанците но без радикалната БЕСА. Заев го одбил овој предлог, барајќи и БЕСА да биде дел од владината коалиција.

Покрај предлозите за владина коалиција, ДУИ барале од СДСМ за локалните избори да биде поддржан нивен кандидат во општина Чаир, на што СДСМ одговориле негативно, барајќи ДУИ да го поддржи Мухамед Зекири на кого му било ветено тоа место, а за возврат СДСМ да гласа за кандидатите на ДУИ во Кичево и Струга.

Во Гостивар и Тетово пак, СДСМ веќе договориле поддршката за градоначалници да ја дадат кандидатите на БЕСА.

Во меѓувреме, ТВ21 обезбеди и кратка изјава од претседателот на ДУИ кој изјави дека во ДУИ се анализира најдобрата одлука која ќе биде од корист на Албанците, Македонците, Србите, Власите и сите други граѓани на Македонија, но и ќе обебеди стабилност и сигурност во државата.

https://www.youtube.com/watch?v=vHnACJs_cdg

Исто така дознаваме дека Заев предложил и премиер и претседател на собрание Албанец, менување на Уставот со цел воведување на двојазичност на цела територија. Но, со оглед на тоа дека Заев не може да исполни ништо од ова, слободно може да се заклучи дека се работи за последниот обид на „чадорот“ за продолжување на кризата и спречување на формирање на нова Влада која треба да ја поведе Македонија напред.

Ваквото сценарио го предвиде уредникот на Сител телевизија Драган Павловиќ – Латас, кој во колумната насловена „Вонредно“ предвиде дека СДСМ е спремна да нуди се, но тоа пак ќе значи укинување на ДУИ и поголма штета за Албанците, имајќи предвид дека ништо од тоа што ќе го вети не може да го исполни.

latas-640x426

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

–  Со понудата на СДСМ за да добие албански гласови – дека ќе изврши измена на Уставот и воведе двојазичност на цела територија на Македонија и ќе воведе кантонизација со зголемени овластувања на општините и нивно стапување во кантонски сојузи… СДСМ практично влезе во дворот на албанските политички партии и изврши силен удар врз ДУИ од каде на Али Ахмети му земаа најмалку 50.000 гласови од 80-те кои Ахмети и ДУИ ги загубија на овие избори – напиша Латас во својата последна колумна, додавајќи дека нема логика во постигнување на договоро помеѓу СДСМ и ДУИ, освен во случај ако ДУИ нема намера да се самоукине, а Албанците да останат без оние 8 пратеници кои ги загубија поради расцепкувањето на гласовите.

 

[/kopa_block_quote]

Латас се осврнува и на судирите кои се случуваат помеѓу различните крила во ДУИ. Имено, како што пишува, во партијата постојат бизнис кланови и корупитвни групи кои создаваат коалиција на Али Ахмети, Муса Џафери, Артан Груби со цел да се спои соросоидната структура.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Јасно е дека една група, предводена од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, Ермира Мехмети… блиска до соросоидите и СДСМ пред неколку години отпочна поделба во партијата создавајќи опозиција на Али Ахмети, Муса Џафери и Артан Груби, барајќи коалиции со СДСМ кои би им обезбедиле позиција на битен фактор, како и моќ и пари во самата партија, и би биле мост кон каналите на соросоидите дома и во странство. Али Ахмети го препозна ова, ја тргна Теута Арифи настрана од врвот на партијата со поставување на градоначалничка функција во Тетово, но медиумите и дипломатските канали на соросоидите и потоа успеваа да ја држат оваа клановска група активна и јавно влијателна – пишува Латас и додава дека втората група или клан, оној коруптивниот е предводен од Изет Меџити.

 

[/kopa_block_quote]

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

–  Вториот клан е коруптивниот, предводен од градоначалникот на Чаир, Меџити. Во таа општина ДУИ доживеа и најголема загуба на гласови во полза на СДСМ и Беса. Општопознато е дека за било какво вработување во јавниот сектор или општинска услуга мораше да се плати надомест кај кланот на Меџити. Ова создаде големо незадоволство и кај гласачите, но и кај други функционери на ДУИ кои немаа механизам да ги запрат процесите. Кланот на Меџити стана богат и моќен, а тој самиот отуѓен и недопирлив.

izet_medziti-640x385

Токму во Чаир, пред очите на Меџити, се појавија и развиваа исламските радикални групи кои насилно преземаа џамии и приврзаници меѓу посиромашните слоеви. Токму врз тие исламистички процеси во Чаир денес се темели организацијата на Беса, а Меџити не успеа ниту да го препознае ниту да го изолира тој процес.

Денес, најголеми противници на коалиција на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ се токму Теута Арифи со нејзиниот соросоиден клан и градоначалникот на Чаир, Меџити со својата профитна група. Бараат вината за поразот да се лоцира врз ВМРО-ДПМНЕ, а не врз нив. Бараат виновник за резултатот од изборите на друго место, спасувајќи се себе, уривајќи го ДУИ – се вели во колумната „Вонредно“ на Драган Павловиќ Латас.

[/kopa_block_quote]

 

Сепак, додава Латас, фактите покажуваат нешто поразлично. Бројот на вработувања на Албанци кој го обезбеди ДУИ низ Охридскиот договор, а и пошироко, е заслуга на соработката со Груевски. Зголемените пензии, субвенции, работни места, албански универзитет… кои ДУИ си ги припишува на своја заслуга се, исто така, заслуга на политиката на Груевски – вели Латас.

Освен овие два партиски кланови, бизнис и коруптивниот клан, во ДУИ постои и оној на поранешните команданти и нивните приврзаници.

uck

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

–  Третиот клан во рамките на ДУИ се поранешните команданти и нивните приврзаници. Тие се блиски соработници на Али Ахмети кои се заслужни за неговиот авторитет, тие се од Македонија, но и од Косово. Нивните барања се едноставни. Немаат капацитет ниту волја за високи државни функции, нив ги интересираат само профитни и доходовни бизниси кои носат брзи и лесни пари, како и спроведување радикални етнички програми како отцепување на дел од Македонија и припојување кон нивното Косово. Што заради отпор на ВМРО-ДПМНЕ кон овој дел од барањата, што заради немање меѓународна поддршка за овие идеи, ваквите проекти не можат да се реализираат и тоа предизвикува гнев на командантскиот клан кон шефовите на ДУИ.

Гневот на косовското командно крило и нивните домашни соработници оди до таму што се планираат акции за ликвидација на Али Ахмети, што им е познато и во ДУИ, а познато им е и на шефовите во Косово и Американската амбасада тука.

 

[/kopa_block_quote]

 

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Значи, да резимираме: за коалиција на ДУИ со СДСМ се соросоидното крило на партијата, блиско до СДСМ и командантското крило од Косово кое во Заев и СДСМ гледа шанса за кантонизација на Македонија и отцепување на дел од територијата во полза на Косово.

gruevski_ahmeti_vlada

Затоа, прва опција е коалиција на ДУИ со ВМРО, втора вонредни избори заедно со локалните кои би биле одложени за некој период, а дури трета опција за Ахмети е самоуништувачката варијанта – коалиција на СДСМ со ДУИ.

[/kopa_block_quote]

 

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This