April 20, 2024, 11:16 am

ТЕУТА ГИ ИЗГОРЕ ТЕТОВЧАНИ: Тетово без вода за пиење на овие горештини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тетовчани се соочуваа со целодневни рестрикции во водоснабдувањето. Како и секоја година, граѓаните на тропски горештини живеат без вода за пиење. Дел од нив поставиле хидрофори, останатите купуваат вода и чуваат резерви на вода во шишиња и буриња.

Градоначалничката Теута Арифи ги обвинува граѓаните:,, Тетово нема недостиг на вода, туку постои голема злоупотреба“

Проблемот бил во законот кој немал клаузула која ќе овозможи да се казнат оние кои ја злоупотребуваат водата. Како долгорочно решение за проблемот најави изградба на базен за акумулирање на водата во населбата Сончев брег.

Ние пуштивме на терен повеќе групи не само од инспекторатот во соработка со ЈКП, но има правни дупки кои овозможуваат луѓето да прават злоупотреби. Сепак, мерките од страна на инспекторатот ќе се зајакнат, но најважно е да зајакне нашата колективна свест.“ – изјави Теута Арифи, градоначалник на Тетово

Меѓутоа, проблем на жителите е и тоа што населбата нема регулиран систем за водоснабдување.

Да, веќе четири дена нема вода, понекогаш кога доаѓа има. Купуваме вода за пиење, така се снабдуваме. Од општината никогаш не доаѓаат, само кога е време за избори.“ – вели еден од жителите

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This