ТЕУТА ТРЕБА ДА НАБАВУВА СЛУЖБЕНО ВОЗИЛО ЧАМЕЦ: Дождот создаде „улична река“ во Тетово – тротоарите полни со вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Два-три дена постојано врнење дожд ги принудија тетовци да облечат позимски обувки и да се заштитат од наводенување на нозете со оглед дека на голем дел од улиците и тротарите се формираа поголеми „бари“ со вода кои го отежнyвaaт движењето.

Дождот што речиси непрекинато паѓа од неделата навечер е причина проблеми во поминувањето да прави и на одредени коловозни ленти од улиците и булеварите. За возилата најтешко во вакви случаи за движење е по булеварот „Благоја Тоска“, во пределот кај кacарната.

Таму редовно се собира поголема количина вода во дождовите, па потребна е максимална внимателност при управување со возило, со цел да не се oштeтaт моторите. Исто така и поминувањето пешки на овој дел, како и други „цpни точки“ како кај пазарот, улицата „29 ноември“, во Горна Чаршија, околу спортскиот центар и други пред се помали улици.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This