ТЕШКА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Душко Тошиќ пораснал во дом поради сиромаштија, а сега е МИЛИОНЕР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот српскиот репрезентативец Душко Тошиќ, сопруг на познатата пејачка Јелена Карлеуша е роден на 19 јануари 1985 година во Зрењанин, а најраното детство го поминал во селото Орловат, во куќа полна љубов и со многу минимални финансиски средства за живот. Родителите Николета и Милорад се труделе на него и неговата сестра Катарина да им пружат што побезгрижно детство, но биле многу сиромашни. Поради тоа неговиот татко Милорад морал да го испрати Душко во Дом за незгрижени деца, каде што се школувал, а воедно и тренирал спорт, а од тоа денес заработува милиони. Така започнала кариерата на овој денеска успешен спортист.

-Мојот Душко неколку години се школуваше во интернат и играше фудбал, таму имаше редовни оброци, а тоа е многу важно за дете во развој. Сега е многу успешен и ние сме многу горди на него. Го исполни својот сон. Живее во голем град. Јас и мојата сопруга сме стари, живееме овде затоа што ни е убаво. Природата е околу нас, свеж и чист воздух. Ништо не ни фали, би сакале да ни трчаат внуките низ дворот. Не знаете вие колку убаво овде си играат Ника и Атина“, раскажува Милорад таткото на Душко, а пренесува српски Курир.

“Душко навистина имаше многу тешко детство. Неговите родители беа многу сиромашни, но се чесни и добри луѓе. Бидејќи сакаше да игра фудбал, татко му после основното училиште го однесе во Зрењанин и го даде во дом за да се школува и да игра фудбал. Кога и да дојдеше дома на родителите им ги бакнуваше рацете затоа што му ја исполниле желбата и го пратиле во интернат“, раскажал сосед кој инсистирал да остане анонимен.

И денеска во неговото родно место како анегдоти се раскажуваат бројните случки во кои малиот Душко, речиси по исто сценариот, успевал да се искраде од куќата и по цела ноќ да игра фудбал и да гледа фудбал кај соседите бидејќи неговите немале телевизор во тоа време. Додека седел на кревет, топката секогаш му била под нозете. Се случувало дури и да заспие пред телевизорот кај соседите, па неговиот татко на сред ноќ во раце да го пренесува во својата куќа.

И од домот за ученици во средно училиште “Ангелина Којиќ Гина“ потврдиле за српски Курир дека сопругот на ЈК еден период од своето детство го минал таму.

Така било се до крајот на осумгодишното школување, по кое тој ја напуштил родната куќа и тргнал на пат за Зрењанин, каде одел во средно училиште и тренирал фудбал во Пролетер, Одлуката за заминување од семејниот дом не била лесна, но во тој момент делувала како единствено логично решение. Имено, родителите на идниот шампион немале доволно финансиски средства да му обезбедат на синот адекватни услови за школување и тренинг, а со оглед на фактот дека му било многу тешко да патува пстојано од своето село во Зрењанин, талентираниот фудбалер започнал нов живот во Домот за деца и младинци „Анѓелина Којиќ Гина“. Иако оваа институција денеска работи како Дом за средношколски ученици, таа во 2002 година била и социјална установа во која биле сместени 10-12 ученици чии родители не можеле да издвојат доволно пари за приватно сместување во градот.

– Горд сум на секој детал од својот живот, па и на тоа што три години живеев во дом. и Џорџ Буш бил цвеќар па стана претседател на САД. Пред да почнам да живеам таму, патував од Орлова до Зрењанин и назад. Беше тоа многу напорно. Се будев во седум часот наутро, а дома се враќав околу 23 часот. Имав навистина многу обврски во Зрењанин и беше невозможно да патувам секој ден, а покрај тоа имав и силна желба да успејам во животот. Можеби малку го запоставив училиштето затоа што спортот секогаш ми беше на прво место, но никогаш не бев татин син, туку младич кој се постигна со сопствена работа. Првите 6 месеци ми беше тешко да се навикнам на животот во домот затоа што таму бев единствено селско дете, но полека и таму создадов многу пријатели за цел живот. И ден денеска се слушам со поранешните цимери и им помагам колку што можам – опишува Душко како изгледала преселбата и животот во Домот во едно интервју пред 12 години.

Несуден економист

Тошиќ завршил економско училиште, но неговите интереси од раната младост биле поврзани со фудбалот. Тој во Домот поминал неполни три години. Таму се доселил на 1 октомври 1998 година и останал се до 30 јуни 2001 година, кога од фудбалскиот клуб Пролетер се префрлил во ОФК Белград. За тоа колку бил добро момче и момче за пример, често и подоцна говореле неговите воспитувачи и професори. Тие го опишувале како исклучително повлечено и фино момче кој никогаш не се жалел на храната, ниту на условите на сместување во домот кој тогаш како што кажавме бил и социјална установа. Инаку, услов за Душко да бие примен во домот, покрај минималните приходи на неговите родители, бил и поседувањето на исклучителни спортски таленти.

Сепак и кога фудбалот му донесе значајни финансиски средства на Душко, тој не заборави на својот втор дом, па во годините што следат па и ден денеска донира сериозна сума на пари со цел да им овозможи на тие деца подобри услови за живот. Тошиќ не сака да се знае за неговите хуманитарни акции затоа што тоа го смета за интимна работа.
Често животните приказни на младите момчиња кои од сиромаштија ќе се вивнат во врвот на светскиот фудбал изгледаат како голивудска приказна, но тие се реални и вистинити дури и на овие простори. Тој само што наполнил 20 години, неговиот успех почнал да се зголемува. Имено, во јануари 2006 година од ОФК Белград, каде поминал 4 години, преминал во францускиот клуб Сошо. Токму во тој период, кога имал 21 година, започнал и романса со популарната пејачка Јелена Карлеуша.

– Кога прв пат ме бакна знаев дека е посебен. Сериозно не е граза и патетика. И да не се лажеме, ги имаше сите предиспозиции за идејален дечко – убав, млад, згоден, со зелени очи, талентиран, перспективен дечко… А јас бев доволно мудра тоа да го препознаам и доволно среќна да ме засака баш мене – опишала Јелена во една прилика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This