ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО АЕРОДРОМ: Повредени три лица во сообраќајка кај Мајчин дом

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во тешка сообраќајна несреќа која пред еден час се случила во скопската населба Аеродром повредени се три лица. Сообраќајката се случила во близина на Мајчин Дом.

Во сообраќајката учествувале две моторни возила, првото од марката „Шевролет Спарк“ и второто марка „Ауди“, двете со скопски регистарски таблички, дознава Скопје Инфо од СВР Скопје.

Еден од повреден е со полесно телесни повреди, а две лица со потешки повредени се пренесени во скопскиот клинички центар и истите се наоѓаат во критична состојба.

Од МВР најавуваат повеќе детали за сообраќајната несреќа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This