- Advertisement -
Б.Т. (52) од Битола загина вчера во тешката сообраќајна несреќа што се случи на патот Битола-Демир Хисар, кај селото Лисолај.
Во несреќата учествувале трактор со битолски регистрски ознаки управуван од Б.П. (39) од село Доленци и товарно моторно возило „сканија“ исто така со битолски ознаки управувано од П.И. (43) од Демир Хисар.
Б.Т. бил сопатник кој се превезувал на приколката од тракторот.Извршен е увид на местото на настанот.