April 25, 2024, 10:13 pm

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА, ЕДЕН ЗАГИНАТ: Тешка сообраќајка на патот Кавадарци-Прилеп, интервенирала противпожарната бригада во ослободување на повредените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претпладнево на патот Кавадарци-Прилеп, во близина на поранешната кафеана „Ловец“ се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу патнички автомобил Мерцедес, со скопски регистарски таблици на такси компанија и камион „Волво“.

На местото на несреќата интервенирала и кавадаречката противпожарна единица во извлекување од возилата на повредените.

Дознаваме дека едно лице од мерцедесот им подлегнало на поврдите.

„Успеавме експресно да интервенираме и да ги извлечиме повредените“ рече командирот на противпожарната единица Кавадарци, Илчо Богевски. Тој нагласи дека благодарение на новите ножици што ги доби противпожарната единица многу им е олеснета работата, а истовремено побрзо е дејствувањето за да им се помогне на повредени во сообраќајни несреќи – пренесува локалната телевизија КТВ.

Во моментов се врши увид на местото на несреќата, а повредените се пренесени во кавадаречката болница.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This