ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ МАВРОВО: Три лица повредени откако автомобилот неколкупати им се превртел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три лица се полесно повредени откако автомобил, утрово повеќе пати се превртел на регионалниот пат Гостивар-Маврови Анови во близина на месноста Бунец. Сообраќајот на местото на незгодата се одвива наизменично, до завршување на увидот.

Врнежите од снег го отежнуваат сообраќајот во западниот дел од земјата.

Од СВР Тетово информираат дека околу 11 часот, автомобил „опел-корса“ со скопски регистерски ознаки, управуван од Ѓ. Н. (27) додека се движел кон Маврови Анови, изгубил контрола и се превртел неколку пати и застанал на покрив.

Возачот и двајцата сопатници, биле пренесени во амбулантата во Маврови Анови каде било констатирано дека се полесно повредени. Возилото по незгодата е оштетено во поголема мера. Во тек е увид, по што треба да се утврдат причините кои довеле до несреќата. Во меѓувреме на местото, полициски службеници го регулираат сообраќајот се до завршување на увидот.

Како што објавивме претходно обилните врнежи од снег во Западна Македонија го отежнаа сообраќајот на патот Гостивар – Маврово.

Условите на патот предизвикуваат потешкотии во одвивањето на сообраќајот, а веќе е регистрана и првата сообраќајка.

Увидот е во тек, по што се очекуваат повеќе информации од МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This