ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ЧЕГРАНЕ: Мотоциклист се судри со Мерцедес на регионалниот пат Гостивар – Чегране

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во сообраќајна несреќа која попладнево се случила во селото Чегране, Гостиварско, тешко е повреден мотоциклист, кој набрзо со скршеници на нозете е пренесен на скопските клиники.

Според СВР Тетово, попладнево околу 16:30 на регионалниот пат Гостивар-Чегране дошло до судар на „мерцедес“ со гостиварски таблички управуван од А.И. (60) и моторцикл, што го управувал Ј.З. (22) од Чегране. Од ударот мотоциклистот се задобил со повеќе повреди. По несреќата, тој бил згрижен во гостиварската болница од каде заради скршенци на двете нозе и повреда на главата е испратен на скопските клиники. Како можна причина, по извршениот увид се наведува неприлагодена брзина на движење.

Од СВР Тетово предупредуваат на зачестените сообраќајни несреќи во кои страдаат мотоциклисти.

Од почетокот на месецот, низ Полог регистрирани се шест несреќи, а една имаше и смртен исход.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This