ТЕШКА СООБРАЌАЈКА НА АВТОПАТОТ ГОСТИВАР-ТЕТОВО: Двајца теко повредени во тешка сообраќајка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Две лица се тешко повредени откако „БМВ“ со тетовски регистарски таблички што го управувал И.А.(38) од Боговиње загубило контрола, излетало од коловоз и се превртело.

policija-soobrakajna-nesreka

 

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, сообраќајката се случила денеска околу 14 часот и 10 минути на автопатот Скопје – Тетово – Гостивар во близина на  Брвеничкиот надвозник.

– Од излетувањето и превртувањето, возачот и неговиот сопатник Р.Е.(46) од Камењане здобиле телесни и тешки повреди и со медицинско возило се пренесени во тетовската клиничка болница. Поради сериозноста на повредите на грбот, сопатникот ќе биде префрлен на скопските клиники, додека возачот е задржан на натамошно лекување во Тетово, изјави Јосифовски.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово. Се утврдува причината за сообраќајната несреќа. Засега се смета дека причина е неприлагодена брзина на патот.

Вкупната материјална штета се проценува на 200.000 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This