April 24, 2024, 12:48 pm

Тешка сообраќајка на патот Скопје – Велес со службено возило на Министерството за одбрана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трагите од кочењето се се уште видливи на автопатот Скопје-Велес по сообраќајната несреќа која се случила рано утринава околу 10 часот. Според информации на Телевизија 24 станува збор за Оливер Стојановски, поранешниот прв човек на синдикатот во одбрана и заштита.

Лицето кое управувало со возилото било пренесено во клиничкиот центар во Скопје, а автомобилот со кој управувал не можевме да го видиме заради непристапноста на теренот. Кога пристигнавме екипите на МВР вршеа увид и кажаа дека извлекувањето на автомобилот ќе се одвива тешко.

Од Клинички велат дека Стојановски во моментов е на интензивно лекување во стабилна состојба.

Според извори на ТВ24 Стојановски управувал со службено возило на Министерството за одбрана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This