April 25, 2024, 10:15 pm

ТЕШКО МАКЕДОНИЈА: Однесувањето на Борисов е само претскажување за тоа што ја чека државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не помина ни една недела откако Заев изјави дека Илинденското востание е македонско, стигна реакција од неговиот бугарскиот колега Борисов, кој упати класична закана дека доколку Заев продолжи вака да се однесува Македонија ќе добие блокада од Бугарија во нејзините евроатлански интеграции. Заев веднаш се извини за ваквото однесување на како што ги нарече неговите бугарски браќа. Експертите и аналитичарите уште првиот ден кога Заев го потпиша договорот за добрососедство со Бугарија предупредија дека доколку во целост не се почитува било која од штетните одредби во договорот, Бугарија ќе има формалноправна можност да не блокира во нашите евроатлански интеграции.

Иста односно уште полоша ќе биде состојбата со капитулантскиот договорот со Грција. Во хипотетичка ситуација каде некој Македонец ќе се одлучи да го развее знамето од Кутлеш во својот двор или на својата тераса, Грција ќе има формалноправна можност да не блокира на патот кон ЕУ и НАТО. Што значи дека овие штетни договори не го отворија патот на Македонија кон ЕУ и НАТО туку ставија низа на нови пречки кон нашите евроатлански интеграции.

Јасно е дека Заев и неговата влада со потпишувањето на овие договори ја ставија Македонија во подредена положба и според Уставот и Законите треба да одговараат за велепредавство. Во моментов оваа не е опција поради заробениот правосуден систем од страна на власта, но ова е дело кое никогаш не застарува. За жал ова е само претскажување на она што ја чека Македонија благодарение на владата на СДСМ, но бојкотот на референдумот е одлична шанса за да се направи контрола на штетата и договорот со Грција никогаш да не се имплементира. Токму поради ова #Бојкотирам.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This