ТЕШКО НАС БЕЗ ДИЈАСПОРАТА: Парите на македонската дијаспора ги надминуваат директните странски инвестиции за 600%

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонците кои работеле во странство минатата година испратија рекордни 1,3 милијарди евра дома, најмалку шест пати повеќе од директните странски инвестиции во државата.

Приватните парични трансфери од Македонци кои работат во странство достигнаа 1.366 милијарди евра во 2010 година, покажуваат последните податоци од Народната банка.

Ова е околу 230 милиони евра повеќе отколку во 2009 година и 380 милиони евра повеќе отколку во 2008 година.

За споредба, Македонија привлече само 222 милиони евра во странски директни инвестиции, , во 2010 година.

Повеќето пари доаѓаат од македонските заедници во Австралија, Канада, Швајцарија и Италија, покажуваат податоците. Македонците вработени во Авганистан и Дубаи, исто така, значително придонесуваат за вкупната сума.

Локалните економски експерти велат дека вредноста на приватните трансфери на пари е веројатно поголема отколку што сугерираат податоците, бидејќи некои се испраќаат во готовина и не се регистрирани од страна на властите.

Експертите наведуваат дека приватните трансфери од ваков вид сочинуваат околу 20 отсто од БДП на земјата.

Некои експерти велат дека треба да се вложат повеќе напори за мобилизирање на овој значаен финансиски ресурс, преку поттикнување на дијаспората да ги инвестира своите пари во локалната економија.

“Властите треба да им понудат на овие луѓе истите бенефиции што ги нудат странските инвеститори”, вели Абдулменаф Беџети, професор по економија на Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово.

23 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This