ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ДЕТЕ ВО ЧАИР: Автомобил удрил во дете додека возело велосипед, со тешки повреди пренесено на Клиника

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Единаесет годишно дете е сериозно повредено во сообраќајна несреча која се случила вчера вечерта во 21 часот на улицата „Петре Георгиев“ во скопски Чаир.

Од МВР информираат дека во детето кое било со велосипед удрил автомобил „Рено Канго“ со кој управувал О.Р. (31) од Скопје.

-Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош било пренесено во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, но поради сериозноста на повредите било препратено во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за понатамошно лекување, информираат од МВР.

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи-Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This