ТЕШКО ПОВРЕДЕН НОВИНАР: Измислена приказна на соросовите медиуми, кои бранат „новинар“ кој бил удрен со стап на кој се веело знаме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозициските медиуми под контрола на СОРОС тргнаа во оркестрирано етикетирање на илјадници граѓани кои излегоа на протестите ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Последниот фингиран настан за кој нема снимка, ниту пак било каква видлива трага е таканареченото потчукнување на еден од новинарите на Вести 24 со стап на кој се веело македонско знаме.

gavrab

Новинарот не прифаќал извинување, туку таквиот речиси “смртоносен удар” беше доволен на оркестрирано делење и фабрикување на етикети. Во тој стил, доживувајќи ја истата драматика, а и патетика, информирани сме и за уште еден грозоморен инцидент во кој настрадал новинар.

Имено, на последниот протест, измет на еден гавран падна на главата на новинар. Од десетици новинари, таквиот измет падна токму на екипата на „Телма“, но бидејќи новинарот имаше коса беше видливо дека не се работи за главниот уредник на „Телма“, Атанас Кировски.

Забележливо беше дека се работи за инструиран гавран, бидејќи тој се чини дека долета од две локации. Првата беше небото од страната на штабот на ВМРО, а втората локација е небото од страна на Владата. Засега сме сигурни дека невозможно е тоа да било од страната на штабот на СДСМ, ниту пак небото од страна на Калето каде е сместена американската амбасада и Џес Бејли.

Уште материјата на изметот беше топла, но новинарот веќе извести преку breaking news и директен прекин во програмата, кој 5 минути претходно го најави на својот ФБ профил Кировски дека се работи за инструиран гавран и од политички причини таквиот измет паднал на главата на опозицискиот новинар.

Насер Селмани веднаш дотрча од штабот на СДСМ со тазе став и осуда за ваквиот воздухопловен инцидент, со крајни политички мотиви.

Гаврановиот проектил ги испровицира и Вести 24, и Канал 21 и Ал Сат да известуваат за истиот со слична реторика, иако претходно дадоа завет дека нема да известуваат за истиот. Во меѓувреме, се јави со став и падовранскиот ас Зоран Иванов, кој гарантираше за следен пат чисто небо и негово лично вложување, по што се чини дека тој е единствената “надеж” (слична на онаа словенечката на Црвенковски чиј креатор е неговиот син Изи).

Зоран Иванов рече дека е подготвен, дури и по цена да не добие директорско место во измислената влада на Заев, да не отстапи од небото над Скопје додека траат протестите. Во стилот на голем ас, ги предизвика сите останати спортски титани рамни на неговиот талент да му се спротивстават доколку имаат храброст, па дури и каратистот Димче од скопско Драчево, кој иако како него има близу шеесетина години, може да се соочат на мегдан.

Во овие моменти се очекува нова дипломлатска офанзива од Бејли, кој веќе излезе со осуда за гаврановиот измет. Ваквиот диверзантски напад се очекува да биде расветлен од СЈО, и сосема е извесно доколку на смена во Кривичниот совет е сопругата на министерот во бегство Владо Димов, Гордана Димова, да биде изречена мерка притвор на гавранот.

Сосема е извесно дека откако ќе се освести Петре Шилегов од претходната бурна кафеанска вечер, ќе одржи прес конференција на која заедно со Мухамед Зекири со течен двојазичен превод ќе биде осуден гавранот и ќе се најави нова владина мерка на Заев, забрана за летање на сите птици над скопското небо.

За среќа, се работи за измислена вест и секоја сличност со реалните случувања е само случајност, освен она што не е.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This