ТЕШКО ПОВPEДЕНО ДЕТЕ, XОСПИТАЛИЗИРАНИ УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА: Страшна сообраќајна нecреќа ноќеска во кумановско

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајна нeсреќа во која повpeдени се пет лица, од кои едно потешко, се случи минатата ноќ на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка.

Сообраќајна нeзгода се случила меѓу „Форд мондео“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(24) од Крива Паланка и „Фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Крива Паланка.

-Во незгодата со тешки телесни повpeди се здобил 14-годишниот сопатник во патничкото возило „фолксваген голф“, од Крива Паланка, кој бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош, а со телесни поврeди се здобиле возачите од двете возила и Н.С., сопатничка во патничкото возило „фолксваген голф“, кои биле пренесени во Општа болница Крива Паланка, информира МВР.

За настанот е известен Јавен oбвинител, а увид на местото на нeзгодата извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This