ТЕ БОЛИ ШТО НЕ УСПЕА ДА НЕ ЗГАНИШ:Газдата на ФК Беласица жестоко распали по Горан Пандев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фејсбук статус на сопственикот на ФК БЕЛАСИЦА-Славчо Пинда:

Пандев, 3 и пол години те слушам како ја напаѓаш Беласица а посебно мене.
Да не заборави случајно дека јас сум истиот тој Пинда на кој му подаруваше дресови од сите клубови во кои настапуваше, во знак на почит и пријателство. Па откако ја превземав Беласица почнав некако да ти пречам и јас и мојот клуб. Но си мислам, јас всушност не сум тој што ти пречи, туку ти пречи тоа што не успеа да ја згаснеш Беласица, и да го наметнеш твојот клуб над гордоста на струмичани, ФК Беласица.

Не ти успеа ниту планот да ја раскинеш концесијата на стадионот „Младост“ па твојот клуб да го преселиш на истиот стадион, и тоа со една единствена цел, да го згаснеш градскиот бренд „ФК Беласица“. Меѓутоа вложив големи напори за тоа да не ти успее.

Цела струмичка јавност очекуваше лично ти да ја превземеш ФК Беласица, па дури откако и јас застанав на чело на клубот најпрвин ти ја понудив тебе, затоа што во тој момент мислев дека всушност ти си правиот човек кој треба да биде на позицијата „сопственик“ на ФК Беласица. За жал се излажав.

Ме одби кратко и јасно, без ниту една секунда размислување, со потсмевање и реченица која сеуште ја паметам: – ако имаш пари и академијата да ти ја дадам…па во моментот ми стана јасно дека „ти, Беласица не ја заслужуваш“.

Како и да е, во тој момент сите имаа дигнато раци од Беласица. Тимот заглавен во трета лига, стадионот немаше ниту вода ниту струја. Младинската школа целосно згасната. Сето тоа лично мене ме мотивираше да го вратам клубот таму каде што му е местото, во ПМФЛ. Да ја подобрам инфраструктурата на стадионот и одново да ја формираме младинската школа.

Поставивме цели, кои набргу почнавме да ги реализираме. Се враќаше сјајот на клубот и стадионот. Ја формиравме одново младинската школа. Се враќаа фановите на „Младост“, Беласица избори пласман во ПМФЛ. Успех кој многу спортски клубови можат само да го замислат. Едноставно, факт е дека ФК Беласица е еден од најдобро организираните спортски клубови во Македонија.

Сето тоа се дела кој никој нема доблест да ги негира и оспорува, освен ти и поединци од твојот клуб.

 

Овие твои постапки се пример како еден голем спортист како тебе, а најмалку човек кој претендира да се кандидира за претседател на ФФМ, не треба и не смее да се однесува према својот матичен клуб. Наместо да го поздравиш успехот кој ФК Беласица го направи изминатите 2 годни, ти се осудуваш да го деградираш и негираш сето тоа кое стотици фудбалски работници и спортски симпатизери го поздравија.

За твојот карактер зборува и фактот што кога и беше најпотребен на нашата фудбалска репрезентација, ти се откажа од неа. А сега кога увиде лична корист за тебе и твојот клуб, се врати во репрезентацијата.
Јас лично, ни најмалку не би посакал да имам таков претседател на фудбалската федерација. Човек кој правеше се и сешто за да го попречи успехот на својот матичен клуб, клуб кој ти овозможил да бидеш тоа што си денес.

Јавно се произнесувам дека таков претседател ФК Беласица нема да поддржи, затоа што токму ти најмалку заслужуваш да бидеш претседател на ФФМ.

Прилог видео кога Пинда стана нов сопственик на Беласица:

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This