Те родив на 20 години, пораснавме заедно: Маја Вукичевиќ ја отвори душата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Порано ниту еден фестивал не поминуваше без неа, и често беше наградувана. Сега сосема се повлече од музичката сцена. Маја, која и претходно има искуство како водителка на ТВ, извесен период работеше како новинарка во едно домашно списание.

Сега, кога поретко настапува и не работи како новинар, Маја е посветена на семејството. Нејзиниот син Гораст неодамна дипломираше на Економскиот факултет во Скопје. Со емотивен статус во кој раскажа лична приказна, Маја му го честиташе дипломирањето на синот.

“ Велат среќата ја прават малите нешта, но денес е онаква голема, огромна што ми го исполни срцето. Кога тргна во прво одделение ти кажав учи сине за себе, не за оценки. Летна времето. Моето прваче на кое му велев, ќе те оставам на раат кога ќе дипломираш, денес стана дипломиран економист. Понекогаш знаеш да се пошегуваш и да кажеш, мамо ние заедно пораснавме, па кога ќе помислам дека на овој свет те донесов со штотуку наполнети 20 години, има малку вистина во тоа. Но ти направи мојот живот да има смисол, секоја твоја насмевка, успех. Една мисла водилка, една желба горела и гори во мене, да си среќен и да станеш свој човек мило мое, и запомни, парчето хартија не ти дава тебе вредност, ти треба да ѝ дадеш вредност на таа диплома. Ти честитам сине и те сакам неизмерно. Те излажав, мајките никогаш не ги оставаат на раат нивните деца.“, е дел од посветата на Маја за синот.
Извор:женскимагазин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This