Тибетански рецепт за здрав и долг живот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последно време помеѓу почитувачите на природната медицина се сè повеќе популарни тибетанските лекови и рецепти поради фактот дека жителите од овој дел на светот често доживуваат длабока старост.


Ние ви го претставуваме рецептот за тибетански чај кој може да го зајакне вашиот имунитет.

Состојки:

● 2 литри вода
● 5гр рендан ѓумбир
● 2 лажици сок од лимон
● 2 лажици мед
● прстофат мелена лута пиперка
● прстофат анис

Начин на подготовка:

Зовријте ја водата и пуштете ја да врие околу 5 минути, а потоа тргнете ја од оган и оставете ја малку да се разлади. Додадете ги сите останати состојки, затворете го садот и оставете целосно да се излади.

Важно е состојките да не се додаваат додека е водата сè уште врела како тие не би ги изгубиле своите лековити својства.

Најдобро е чајот да се пие полека во текот на денот или да се пие по една чаша од напитокот половина час пред оброците.

Дозата од два литра е доволна за еднодневна терапија за три личности.

Ѓумбирот зазема специјално место во многу кујни поради специфичната арома и остриот, пикантно лут вкус кој го издвојува од останатите зачини, но исто така и заради неговите лековити својства. Илјадници години тој се користел како зачин и лек, па до денес луѓето го користат неговото моќно дејство.

Ѓумбирот (ботаничко име: Zingiber officinale) е едногодишно коренесто растение кое води потекло од јужниот дел на азискиот континент и се одгледува повеќе од 3.000 години наназад. Најголемиот производител на овој егзотичен зачин со беложолтеникава боја е Индија.

Коренот од ѓумбир содржи само 80 калории на 100 грама производ, кој во најголем дел е сочинет од јаглехидрати ~ 18 грама, протеини ~ 2 грама и масти ~ 1 грам.

Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This