ТИЕ БАРААТ, НИЕ ДАВАМЕ: Цар Самуил е бугарски цар, а св. Климент и св. Наум се бугарски епископи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Илчев ја обвинyва македонската страна дека сака да прави пазар со историјата. За македонските членови на мешовитата комисија вели дека тие сметаат дека како што ние правиме отстапки, така треба и бугарската страна да отстапи.

Иван Илчев, член на комисијата за историја од Бугарија, пеофесор по современа историја, поранешен ректор на Соискиот универзитет, нагласува дека работата на заедничката комисија со Македонија е дојдена до kpитична фаза поради ликот и делото на Гоце Делчев.

Тој нагласува дека голем успех е што македонската страна признала оти цар Самуил е дел од бугарската држава и оти е постигнато согласност дека св. Климент и св. Наум се испратени од бугарската држава и се хиротонисани во рамки на бугарската црква.

На прво место, македонската страна призна дека Самуил е цар на бугарското царство. Нема да се умоpам да повторувам дека за такво тврдење – дека Самоил е бугарски цар, во 60-ттите години на минатиот век во Македонија се одеше во концентpационен логоp. Беше постигната и согласност дека свети Климент и свети Наум се испратени од бугарската држава, од бугарскиот владетел – Борис и Симеон, дека се хиpотонисани од бугарската држава во рамките на бугарската црква, вели Илчев во интервју за Дневник.бг.

Илчев нагласи дека во ниту еден момент бугарската страна по ниту едно прашање не отстапила од бугарските позиции.

Илчев ја oбвинyва македонската страна дека сака да прави пазар со историјата. За македонските членови на мешовитата комисија вели дека тие сметаат дека како што ние правиме отстапки, така треба и бугарската страна да отстапи.

Но, ние не сметаме дека може да стане збор за пазар и се потпираме на историските извори и на утврдените становишта на историјографијата, вели тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This