Тие немаат баш среќа: Три најголеми баксузи во целиот хороскоп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова се трите хороскопски знаци кои најчесто се прашуваат што згрешиле да ги снајде таква судбина.

Девица

Девиците се вешти во решавањето на туѓите проблеми и во советувањето, но самите на себе не умеат да си помогнат. Кога се нервозни, тие рибаат, гланцаат, чистат, полираат, па животниот простор им е толку стерилен што гостите се чувствуваат и малку непријатно, напнато и неудобно. Имаат склоност се уредно да спакуваат во фиоки, да ставаат етикети, сортираат, а кога нешто ќе се спротивстави на тоа, ги фаќа паника. Нив животот константно непријатно ги изненадува. Таман се средиле, а на тепихот ќе се истури чаша црвено вино.
Таман се средиле во својот емотивен компас, а вие сте направиле нешто неочекувано и сега повторно мораат се да преиспитуваат, именуваат…Цел живот им е исправање на некои „кривидрини“ па често се прашуваат што му згрешиле на Господ што ги задесила таква судбина.

Терезија

Она што Терезијата најмногу „ја вознемирува“ и гризе е неправдата. Ја забележуваат
насекаде околу себе а често ја чувствуваат и на своја кожа и секогаш постои нешто што им ги ремети мирот и среќата. Спаѓаат во оние луѓе кои прво ќе се излајат, па потоа размислат и размислуваат со денови како можеле да постапат и што би било кога би било. Им одговараат убави луѓе и луксузни работи. Изгледот им е многу важен така што никогаш не се помируваат со знаците на стареење. Тоа за нив е една од најголемите неправди во светот. Исклучително многу сакаат да бидат детективи, да разоткриваат измами, да ги демаскираат лажговците и измамниците, само проблемот е во тоа што сето тоа го сфаќаат лично. За нив и самиот факт дека има лоши луѓе е голема навреда. Кога решаваат туѓи проблеми тие ги доживуваат како свои. Себе се сметаат за емпати, но големо прашање е колку воопшто се во состојба да излезат од својот свет и работите да ги согледаат поинаку.

Риби

Рибите се проклетство сами на себе. Слабо контактираат со реалноста, па постојано упаѓаат во незгодни ситуации. На негативните животни околности реагираат бурно и непресметливо. Тие во својата глава имаата зацртано како треба да изгледа нивниот живот и колку совршено треба да функционира. Со оглед на тоа дека реалноста постојано им се спротивставува, тие таа иста реалност во пијана состојба ќе се обидат да ја претепаат. Кога ќе се најдат пред проблем кој тешко се решава секогаш на сила ќе се обидат прболемот да го донесат на своја територија, во својот свет во кој владеат поинакви закони на физиката, математиката, духовноста…Ова е посебно изразено кога се под дејство на алкохол, или се понесени со емоции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This