March 29, 2024, 12:19 pm

ТикТок ја „пpecкoкнa“ зaбpaнaтa на Трамп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

TickTock повторно успеа да ја одложи забраната за апликацијата во Америка, откако федерален судија во Пенсилванија ја блокираше одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.

Судијата издаде прелиминарна забрана за низа одлуки на американското Министерство за трговија за блокадата на ТикТок во САД, што требаше да се одржи на 12 ноември.

Оваа забрана би значела дека ажурирањата и испораките на содржината на TikTok повеќе нема да бидат достапни за корисниците во Соединетите држави, што ја прави апликацијата неупотреблива за корисниците на САД.

„ТикТок“ ја тужеше администрацијата на Трамп, но најновата одлука на Судот всушност дојде од втората тужба, која ја потпишаа тројца творци на „ТикТок“, кои се загрижени за нивното постоење, доколку апликацијата е забранета во САД.

Судијата се согласи со нивниот аргумент дека видеата на ТикТок се „информативен материјал“ заштитен со релевантниот закон.

„Кратките видеа разменети на „ТикТок“ се експресивни и информативни и експлицитно се заштитени според Меѓународниот закон за вонредни економски сили“, напиша судијата во својата одлука. Администрацијата на Трамп смета дека ТикТок претставува закана за националната безбедност, затоа што е во сопственост на кинеската компанија БајтДенс, со седиште во Пекинг. Владини адвокати тврдат дека податоците за американските корисници на апликацијата може да завршат во рацете на кинеската влада, кое го негираат од „ТикТок“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This