Тимоние и разјасни на власта: Мора да има владеење на правото

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правната држава има клучно место во интегративниот процес на земјата во Европската Унија. Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние го повторува она што го пишува во нон-пејперот испратен од неговите шефови во Париз, дека владеење на правото и максимално уважување на човековите права нема што да бараме во европското семејство.

Мојата порака е јасна, правната држава има клучно место во интегративниот процес на земјата во ЕУ – изјави Тимоние на средбата со претседателот на уставниот суд, Сали Мурати.

Тимоние кој лично им го доставил нон–пејперот на македонските власти вели дека Франција очекува најпрвин одговор од земјите членки на Унијата а потоа и од Македонија, која треба да ги изнесе и сопствените забелешки. Вицепремиерот Бујар Османи, кој веќе имал увид во документот вели дека реверзибилноста на која инсистира Франција предизвикува страв, но во исто време преставува позитивен момент. Повтори дека се уште има повеќе нејаснотии кои треба да се разјаснат.

–Нејасно е прашањето што значи консекутивност. Што значи отворањето на областите едно по друго. Второ, како ќе се клучи досегашното трансформирање на општеството, односно имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација – изјави Османи.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека новата методологија се уште е предмет на анализи, но, додава, бидејќи во нон-пејперот био наведено дека крајната цел е членство во унијата, Македонија сега се подготвува за „реформска олимпијада“ со останатите аспиранти од западниот Балкан.

Франција очекува сите забелешки на нон-пејперот да бидат објавени во најскоро време а веќе во јануари Европската комисија да ја објави новата методологија за преговори и прием на нови членки. Со оглед на построгите критериуми, според некои сценарија, од моментот кога ќе ги започнеме преговорите па до влезот во ЕУ можат да поминат и 15 години.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This