ТИМОНИЕ СО НАВРЕДИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: Сме биле фашисти со лажна митологија, не е сигурен дека не сме нормални како Французите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како што вели Јани Бојаџи на својот Фејсбук маските се паднати, но маските не се паднати само на македонските политичари туку и на странските емисари и дпломати кои од ден во ден се повеќе се мешаат во внатрешните работи на државата и спротивно на сите дипломатски конвеции употребуваат и речник кој е се само не дипломатски.

Токму таков пример е примерот со коментаритен на францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние кој не бираше зборови и навреди во своите коментари на последниот пост на македонскиот режисер Јани Бојаџи.

Имено тој фотографијата која ја постираше Бојаџи на својот Фејсбук пост ја нарече срање, а понатаму упати и навреди кон пријателите на Бојаџи кои го критикуваа ваквиот негов коментар. Тимоние напиша дека нема полоша судбина од таа да те величаат кретени, мислејќи на пријателите на Бојаџи.

Откако ги навреди пријателите на Бојаџи, Тимоние  продолжи со навредите кон македонскиот народ за кој неговиот дедо му раскажувал дека се исти како Французите, односно не се ништо поинакво, а тој веќе не е сигурен дека тоа е така.

Амбасадорот понатаму се дрзна да ги нарече Македонците фашисти, со лажна митологија претставена во проектот Скопје 2014, додаајќи дека поради тоа младите си заминувале и земале бугарски пасоши.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This