ТИМОНИЕ СО НОКАУТ ЗА ВЛАСТА: Нема преговори во јуни, проширување е доведенo во прашање, ЕУ ја чекаат тешки години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На прашање дали Франција ќе застане зад Македонија и дали поглавјата за преговори на Македонија со ЕУ ќе бидат почнати во јуни францускиот амбасадор Тимоние не вели дека во јуни Македонија сигурно ќе добие датум за преговори, пренесува Експрес.

За разлика од владата која е уверена во датумот и почетокот на преговори со ЕУ во јуни францускиот дипломат вели дека одлуката за датумот и почеток на преговори зависи од многу фактори меѓу кои и чисти претседателски избори и добри закони.

„Ние сме на ваша страна искрено се надеваме дека ќе ги исполните условите побрзо, потребно е да има соработка со опозицијата за законите со 2/3 мнозинство, постои агенда а во неа се и претседателските избори“, вели Тимоние во интервју за НТВ односно поранешната Македонска Телевизија.

Според францускиот амабсадор треба да бидеме внимателни на претседателски избори и треба да дојде до соработка меѓу сите политички фактори. Според него опасно е да се гледаат само датумите затоа што најважна е содржината и не треба да се гледаат датумите.

Дали одлуката ќе биде донесена во јуни ќе зависи од извештајот на Европската комисија во мај а претстојат и изборите за Европарламентот, вели Тимоние кој бара Македонија да избегне поларизација на датуми. Тој не знае кога ќе се состане Европскиот совет кој ќе треба да донесе одлука за датумот за Македонија со консензус на сите земји членки.

Францускиот дипломат меѓу редови најавува дека на Македонија ќе и биде потребно уште малку време а во директна корелација со датумот за преговори со ЕУ го става успехот на претседателските избори за да се видело дека земјата ја свртила страницата за 27 април што е уште еден елемент што ќе влијае на датумот на преговори.

“Разбираме дека сакате брзо да го видете светлото на тунелот но ние кои што сме надвор од тунелот сакаме проширувањето да биде на солидни основи”, вели Тимоние кој што оценува дека прашањето за проширувањето на ЕУ е доведено во прашање затоа што во наредниве години ЕУ ќе се соочува со тешки моменти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This