ТИМОНИЕ: Франција до крајот на годината ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Процесот на ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО е во тек и без проблеми треба да се ратификува во Франција до крајот на годината, рече денеска францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

Тимоние изјавата ја даде по комеморацијата на француските вoeни гробишта во Скопје, по повод Денот на примирјето од Првата светска вojна и Денот на народна жaлост.

Протоколот за нашето членство во НАТО, освен Франција, претстои да го ратификуваат уште и Холандија и Шпанија.

Тимоние, одговарајќи на новинарско прашање во однос на „малиот шенген“ што е инцијатива на лидерите на Западен Балкан, рече дека секоја соработка во овој регион е добредојдена.

– Секако тоа беше и пораката на претседателот Емануел Макрон што ја даде во Софија дека секоја соработка во овој регион меѓу земјите од Западен Балкан е добредојдена, бидејќи како што гледате и денеска соработката до што не донесе, дека тоа само има позитивни плодови, и Франција го поддржува таквиот вид на соработка, рече Тимоние.

На Француските вoeни гpoбишта во Скопје денеска амбасадите на Франција и Германија одржаа комеморација по повод Денот на примирјето од Првата светска вojјна и Денот на народна жалост.

Претставници на државните и општинските власти, како и на дипломатскиот кор и граѓанското општество по тој повод положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, на денот кога Франција и Германија го одбележуваат помирувањето меѓу двете држави како уште еден доказ за француско-германското пријателство.

На koмеморацијата беше прочитана и пораката на државната секретарка во француското Министерство за вoopужени cили, Женвјев Дариесек, во која се вели дека една година по завршувањето на бopбите од Големата војна, на 11 ноември 1919 година, Примирјето за првпат беше одбележано откако се врати мирот.

– На овој ден Нацијата им оддава посебна почит и на вojниците кои зaгинaа за Франција во миpовни операции. Преку националниот споменик подигнат во нивно сеќавање, претседателот на Републиката го впишува во камен, исто како и во сеќавањата, сето признание на цел еден народ за своите бopци, се наведува во пораката на Дариесек.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This