April 24, 2024, 11:40 am

„ТИМОТ БЕЗ ЗЕМЈА“ ИЛИ „ЦРВЕНАТА МАШИНА“: По Сирија и Украина, Русија ги надигра геополитичките тешкаши и во Пјонгчанг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште од времето на Студената војна спортот е арена на идеолошко ривалство, а хокејот на мраз е спортот во кои големите сили најчесто ги одмерувале своите сили. Поради тоа победата на хокеарската репрезентацијата на Русија во финалето на Зимските олимписки игри во Пјонгјанг има далеку поголемо значење од обична спортска победа.

Наместо мир, соработка и спорт, Олимписките игри служат директно на геополитичките цели на големите играчи. На ова во прилог оди и кампањата водена против Русија и руските спортисти во очи на Олимпијадата во Пјонгчанг. Бидејќи се докажа дека Американците не се способни да ја надиграат Русија во Сирија и Украина, започнаа со одмазда таму каде што можат. Резултат на таквата политика е забраната на руските спортисти да настапуваат под знамето и химната на својата земја и забраната на официјалните претставници на руското министерство за спорт да присуствуваат на натпреварувањето во Јужна Кореа.

Руската химна и покрај забраната се слушна во Јужна Кореа, руските хокеари и навивачи ја интонираа руската химна при доделувањето на медали кога после 26 години со победа над Германија, освоија златен олимписки медал во хокеј.

Меѓутоа во стилот на реториката од Студената војна, американските медиуми ги нарекуваа руските хокеари ,,тимот без земја’’.

,,Тоа покажува дека американските власти и медиумите кои се под нивна контрола не отстапуваат од обидите за дискредитација на Русија и рускиот спорт. Тиe пробаа да ја изиграат работата, но таквите инсинуација не поминуваат, на луѓето им е јасно дека е тоа победа на Русија. На нас ни беше забрането да настапуваме под нашето знаме и химна на оваа Олимпијада, но нашите спортисти не се претставуваа само себе туку и нашата земја. И честитам на Русија и руските хокеари на таа фантастична победа! Единствено ми е жал што на затворањето на Игрите не помина руското знаме, но тие му покажаа на целиот свет дека е Русија земја на која мора да се смета’’ , истакна рускиот политиколог Александар Гусев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This