ТИНДЕР ВОВЕДЕ НОВА ОПЦИЈА: Со таа опција ќе се зголеми безбедноста на корисниците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Платформата за нови познанства, Тиндер, воведува „копче за паника“ и други поставки кои ќе ја зголемат безбедноста на корисниците.

Новите функции влучуваат итна помош, сигнал за следење и проверка на фотографиите. Новините во САД ќе се воведат од 28 јануари. Не е соопштено кога ќе бидат достапни на светско ниво.

Компанијата Меч груп, која ги поседува и Плени-оф-Фиш, Ок-Купис и Хинг, планира да ги воведе новите опции и на овие апликации до крајот на 2020 година.

Пред средбата со некој од Тиндер, корисникот ќе може, притискајќи го „копчето за паника“, да добие податоци за безбедноста на договореното место. Проверката на сликите служи за утврдување дали некој користи лажен идентитет. Од другиот корисник, во тој случај ќе биде побарано да ја потврди веродостојноста на својата профилна слика со тоа што ќе направи неколку самосликови во реално време.

Компаниите што нудат вакви услуги, честопати се критикувани поради недоволната сигурност на своите програми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This