ТИНЕКС ЈА ОБРАЗЛОЖИ ПРИЧИНАТА ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕТО ОД МАКЕДОНСКО СЕЛО: И покрај сите напори и вложувања анализите покажуваа дека работиме со загуба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје од една страна и Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија од друга страна имаат склучено Договор за јавно приватно партнерство.


Согласно цитираниот договор Приватниот партнер има можност да го раскине договорот на сопствено барање кое ќе го достави во писмена форма до Јавниот партнер – изјавија од компанијата за Република, по повод нивната одлука да се повлечат од стопанисувањето со Македонско село.
-И покрај нашите напори, инвестиции и надеж за безпрекорно функционирање на Комплексот Македонско село кој е единствен од таков вид, и покрај нашата желба и вложувања како на големи финансиски средства така и на човечки ресурси со цел економски рентабилно работење, по извршените анализи во текот на овие две години од кога стопанисуваме и управуваме со наведениот комплекс, со жалење мора да констатираме дека Комплексот работи исклучиво со загуба. Од таа причина, покрај сите вложени напори како и по извршени дополнителни анализи, со жалење донесовме одлука да го раскинеме Договорот за јавно приватно партнерство – информираат од Тинекс.

Од Влада на РМ денеска најавија дека на концесионерот на „Македонско село“ за еднострано раскинување на договорот ќе му биде активирана гаранцијата за квалитетно извршување на договорот во износ од околу 43 илјади евра и подмирување на закупот за наредните шест месеци.

-Владата, од друга страна, на наредна седница ќе достави информација за целосната постапка што произлегува по раскинување на договорот и потоа ќе донесе одлука за натамошно постапување со комплексот – соопшти директорот на Служба за општи и заеднички работи на Владата на РМ Пеце Мирчевски, кој како што информираше денеска имал средба со претставници на концесионерот на „Македонско село“ Тинекс и Квинс хотел на која го повториле ставот за еднострано раскинување на договорот и за обврските што произлегуваат од тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This