Тинејџери ќе можат да си го променат полот: Леkарите во Велика Британија можат да препишат лек за блokирање на пyбертетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Апелациониот суд на Велика Британија одлучи лекарите да можат да препишуваат лекови за да го блокираат пубертетот за деца под 16 -годишна возраст, поништувајќи ја одлуката на понискиот суд, кој претходно одлучи дека е потребно одобрување од судија.

Апелационите судии рекоа дека Високиот суд минатата година погрешно заклучил дека децата што размислуваат за промена на полот веројатно нема да можат да дадат согласност за медицински третман што вклучува лекови за одложување на пубертетот, објави АП.

Во одлуката од декември 2020 година се наведува дека поради фактот што лековите се експериментални, клиниките треба да побараат одобрување од судот пред да започнат со таков третман.

Главните британски служби за развој на родовиот идентитет кај децата, Тависток и Портман ХНС Труст, поднесоа жалба на пресудата, наведува Ројтерс.

Судиите на Апелациониот суд рекоа дека е „несоодветно“ што Високиот суд дава насоки, додавајќи дека лекарите треба да направат проценка дали пациентите можат да се согласат на соодветен начин.

Службите за развој на родовиот идентитет ја поздравија одлуката, велејќи дека тоа потврдува дека докторите, а не судиите, треба да одлучат за способноста на лицата под 16 години да се согласат на медицински третман.

Блокаторите на хормони се лекови кои можат да го прекинат пубертетот и понекогаш им помагаат на децата со родова дисфорија да им дадат повеќе време да ги разгледаат своите опции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This