April 26, 2024, 11:46 pm

ТИНЕЈЏЕРКАТА СО НАЈДОЛГА КОСА ВО СВЕТОТ: Должината на косата и е 190 сантиметри

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Ниланши Пател од Индија, „ја одбрани“ титулата – тинејџерка со најдолга коса на светот.

Оваа година нејзиниот нов светски рекорд изнесува 190 сантиметри. Девојката од гратчето Модаса во индиската сојузна држава Гуџарат во 2019 година повторно го доби сертификатот на Гинисовата книга на рекорди. Во декември претходната 2018, нејзината коса била долга 170,5 сантиметри.

Како што вели самата, 11 години не била на фризер. – Кога имав шест години, доживеав многу лoшo искуство во околниот фризерски салон. Оттогаш не сакам да ја кpaтам косата. Моите родители го почитуваат мојот избор и сега косата ми носи среќа, раскажува девојчето.

За да може да оди и да не се сопнува од сопствената фризура, таа мора да носи и високи потпетици. Си врзува плетенки или ја превиткува косата, а пpoблeм единствено има при пливање, вели Ниланши која има желба да студира инженерство. Другарите и соучениците ја викаат „Златокоса“, според принцезата од светски познатата бајка од браќата Грим.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This