ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА Е РЕАЛИЗИРАНА 90%: Што друго останува да се исполни?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали најавата на премиерот за избор на претседател на државата доколку не биде обезбеден цензусот во вториот круг на избори, значи и исполнување на последните барањата од тиранската платформа? Заев веќе потврди дека не се исклучува можноста на маса, повторно да се најде измена на Уставот, со што ќе биде отворена опцијата шефот на државата наместо на непосредни избори, да го избираат народните избраници што беше идеја на ДУИ кои се и главните заговарачи на Тиранската платформа.

Со формирањето на новото министерство за спроведување на рамковниот договор и влегувањето во сила на Законот за двојазичност власта овозможи реализација на дури 90 отсто од барањата впишани во тиранската платформа која како божиќна честитка беше испратена до македонските политичари и ултиматум за формирање на Влада уште во 2016-та.

Составена од седум точки Тиранската платформа како пишан документ воопшто не постои на македонски јазик. Сепак сите услови за две години од доаѓањето на власт на СДСМ речиси во целост се исполнети. Постигната е целосна рамноправност која беше побарана уште со Охридскиот договор – спроведена мултиетничност во Уставот каде Албанците се сметаат за државотворна нација. Откако спикерот Џафери без потпис на претседателот го објави законот за јазици, се исполни и барањето за целосна јазична еднаквост.

Иако со добивањето на мандатот од Иванов, Заев даде гаранција за унитарноста, суверенитетот и интегритет, но и непотчинетост на Македонија пред друга држава, како и дека никаква платформа нема да биде услов за прифаќање на платформа…сепак со ставањето на брза лента на сите албански барања уште еднаш се демантираше самиот.

Единствено не реализирано остана барањето Собранието да усвои резолуција со која ќе се осуди геноцид врз албанскиот народ во периодот од 1912- 1956.

По рамковен договор се вработени Албанци во сите државни институции., а обезбедени се и повеќе пари за општините со албанско население. Формирани се албански културни институции на централно и на локално ниво. Во тиранската платформа беа опфатени и неколку cyдски случаи- дел од нив и со пpaвосилни cyдски одлуки, „Сопот”, „Бродец”, „Монстpyм” и „Диво Насеље”, за кои албанските потписници бараа и меѓународна истpaга.

Албански претставници беа вклучени и во решавањето на спорот со името и постигнување на добрососедски односи со Бугарија, кои Владата на Заев експресно за една година ги постигна. Во делот за добрите односи со соседите, зголемена е и соработката со Косово, неодамна беше објавен и проектот за изградба на автопатот Скопје-Блаце, а во собранискиот пазар за двотретинско мнозинство, Заев се испазари и Косово да биде петтиот сосед на Република Македонија.

Со претседателските избори се оживеа и идејата за консензуален кандидат на владиниот двоец – СДСМ ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This