ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА НАЈАВЕНА ВО АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ УШТЕ МИНАТАТА ГОДИНА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанските медиуми уште кон крајот на минатата година пишуваа дека премиерот на Албанија Еди Рама подготвил документ за сите албански партии со Македонија кои добиле мандати на изборите. И покрај обидите за негирање дека Платформата на албанските партии од Македонија е создадена и потпишана во Тирана, албанската телевизија „Визион Плус“ на 28-ми декември објави информација, која подоцна беше пренесена од повеќе медиуми, дека платформата е составена од албанската влада.

rama-alb-med

Албанската Влада подготвила документ за сите албански партии во Македонија кои добиле мандати на изборите на 11 декември, во кој се претставува ставот на албанската влада за албанскиот фактор во Македонија, објави телевизијата Визион Плус.

Според оваа телевизија, премиерот на Албанија Рама, денеска повторно ќе се сретне со лидерите и претставници на ДУИ,  БЕСА, Алијанса за Албанците и ДПА, и ќе го предаде документот пренесува Телеграф Македонија.

Албанските партии ги имаат веќе потврдено овие информации во врска со средбата со премиерот на Албанија.

-Најголем интерес на официјална Тирана е албанскиот блок во новата Влада да биде колку што е можно по сплотен, со цел да се предизвика позитивен притисок за бранење на интересот на Албанците во Македонија, велат од албанската телевизија.

-Доколку овие информации се точни овој ќе биде втор состанок на албанскиот премиер со лидерите на ДУИ, БЕСА ,Алијанса заАлбанците и ДПА после изборите, пишува телевизијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This