March 28, 2024, 10:54 pm

„ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА“ И НА КОГО МУ ТРЕБАШЕ: Документ за делегитимизирање на волјата на народот и инсталирање на малцинска влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тиранската платформа ќе остане запаметен како еден од нај инфамозните документи во македонската историја и од една не толку голема дистанца ќе се обидам да направам детална анализа на точките и причините за нејзиното постоење.

На кого му требаше Тиранската Платформа? (Ако сакаш нешто да сокриеш, сокриј го пред очите на сите.)

Прашањето е навидум едноставно и секој еден па дури и претставниците на албанскиот политички блок ќе дојдат до заклучокот дека овој документ и заедничка платформа е потикната од потребите на албанците во Македонија. Но од временска дистанца ние пред се треба да ги анализираме последиците од оваа платформа. Најголемата последица токму од овој договор беше доаѓањето на власт на СДСМ и Зоран Заев со формирање малцинска влада. ВМРО-ДПМНЕ официјално за главна пречка за продолжување на својата коалицирање со ДУИ ја наведе токму Тиранската Платформа. Тоа значи дека нејзина основна цел беше симнување на ВМРО-ДПМНЕ од власт партија која преку заштита на македонските националните интереси беше главна пречка за остварување на целите на локалните и светските центри на моќ. Интересно за платформата е тоа што се потпиша веднаш по посетата на претходниот директор на ЦИА Џон бренан на Албанија, кој токму својата последна официјална посета ја направи на албанско тло. Интересно за овој договор е тоа што е претставен како етничка платформа на албанците во Македонија а всушност најголемиот број од точките се однесуваат на македонскиот народ и неговите национални интереси. Од сево ова можеме да дојдеме до еден логичен заклучок Тиранската Платформа му беше потребна на еден човек, со име и презиме Зоран Заев. Зоран Заев дојде на власт преку илегални методи со снимки прибавени на илегален пат од чадорот, за возврат тој многу веројатно дека морал да вети работи кој се нималку лесно остварливи во Македонија и кој ниеден македонец ниту може да ги побара, ниту би ги побарал. Тиранската Платформа на Заев му дојде како кец на десетка, албанците за Заев го побараа невозможното од македонскиот народ, Тиранската Платформа го донесе на власт, а центрите на моќ кој го помагаа ги остварија токму преку него стратешките цели на грбот на македонските национални интереси.

Што содржеше Тиранската Платформа? (Леб и циркус.)
Првите точки од платформата служеа главно за замајување на јавноста за засилување на националистички реторики со цел создавање дополнителна поделби во македонската држава. Како наведен интерес на албанците беа доведени во прашање некои небулозно работи кои нема на ниеден начин реално да го подобрат животот на албанците во Македонија. Исто како во 2001 година вистинските намери беа сокриени зад рамноправност, промена на државните симболи, резолуции за прифаќање наводен геноцид на албанскиот народ во Македонија, закон за јазиците итн. Сите овие точки служеа единствено за мачкање очи и одлвекување на вниманието од вистинските цели на оваа платформа чие многу по прикладно име би било Грчка или Бугарска Платформа за експресен влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

Крајот го краси делото!(После ова ќе почнете да читате до крај!)
Пета точка од Тиранската Платформа цитирам ,,Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право’’. Шеста точка цитирам ,, Добри односи со соседите’’. Седма точка ,, Брза интеграција во НАТО и во Европската Унија’’. Да овие точки се основата на Тиранската Платформа и намерно оставени на крајот за да бидат забошотени и заборавени! Прва точка остварена од Тиранската платформа не беше законот за јазиците туку договорот за добрососедство со Бугарија! Сите овие претходни точки служеа само како мамка на која се фати целиот македонски и албански народ. Овој договор му требаше на Заев бидејќи тоа што го вети кај тие што го донесоа на власт мораше да го исполни. Каракачанов неодамна имаше свое интервју во кое јавно призна дека иако ВМРО-ДПМНЕ досега важела за про-бугарски ориентирана партија тајните служби на Бугарија имале многу повеќе средби со челни лица на СДСМ отколку ВМРО-ДПМНЕ. Доколку го земеме во предвид и фактот дека Заев многупати пеш ја минувал границата кон Грција ќе ни стане јасно од каде се тој добивал помош за да дојде на власт. Јасно е за чии интереси работи тој и неговата киднапирана партија, партија со славна историја која многу веројатно во иднина ќе биде запаметена неславно.

Борба против македонизмот. (Не туку борба за туѓи интереси!)

Како што кажа Нано Ружин во Македонија се случува Реал Политик односно покажување на заби од сите наши соседи и остварување на стратешките на сите држави околу нас и поширок на штета на македонските. Овој човек не е некој фактор за цитирање но сепак собра храброст и ја кажа реалноста. На Македонија не и се случува светска завера со цел губење на македонскиот идентитет, далеку од тоа дека на Македонија не и се случува завера од светски размери само целта е малку поразлична, а целта за меѓународната ги оправдува средствата како и што се докажа многу пати до сега. Целта е отстранување на пречките за интеграција на државата во НАТО и ЕУ односно НАТО пред се. Во овие историски моменти заживува втората студена војна, а Македонија е само колатерална штета на сегашните геополитички случувања. Во овие моменти Македонија е иако мало многу важно парче во сложувалката наречена НАТО за наша несреќа интересите на нашите соседи се поклопија со интересите Вашингтон.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This