April 19, 2024, 12:18 pm

ТИ ЗБОРУВАМ ЌЕРКО, СЕТИ СЕ СНАО: За Шекеринска кој ќе биде премиер е „техничко прашање“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заменик – претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска на новинарско прашање дали таа ќе биде новиот технички премиер одговори негативно и појасни дека за техничкиот премиер дискусијата ќе се води тогаш кога ќе дојде моментот.


– Апсолутно сметам дека тоа занимавање со прашање кое што е техничко ни го троши времето и енергијата. Фокусот сега мора да ни биде на работи што опозицијата како да сака да ги одолговлечи. Јас спомнав дека НАТО е наша точка на кохезија, меѓутоа членството во НАТО значи и наши обрски што сме ги презеле, значи ратификација на НАТО протоколот, значи измени во законот за одбрана и измени во Законот за служба на армијата. Очекувам дека ВМРО-ДПМНЕ нема да става сопки на тој успех што го издејствувавме, членство во НАТО. За жал добивам само молк дали двотретинскиот закон за одбрана ќе го поддржат или нема да го поддржат. Мислам дека на јавноста и е преку глава од реченици кои ги слуша од ВМРО-ДПМНЕ, а после тоа не се проследени со ниту еден чекор, истакна Шекеринска

Таа потенцира дека не можеш да бидеш за НАТО, а после да не гласаш за закони кои ќе го овозможат нашето членство, не може да бидеш за членство во НАТО и ЕУ, а секаде каде треба двотретинско мнозинство да го спречуваш и блокираш и оневозможуваш, не може да зборуваш за реформи во ЕУ, а пола од реформите за медиумската сфера да се блокирани поради Комисијата за избори и именување.

– Тоа е таа разлика помеѓу зборувањето за ЕУ и НАТО и работењето за ЕУ и НАТО, додаде Шекеринска,

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This