ТИ НЕ СЕ СЕКИРАЈ МНОГУ МОТОРЧЕТО И ПРАВЕЦ ДОЈРАН СО ДРУГАРИТЕ: Јавноста со порака до Заев за прозивките до Мицкоски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако ние политичарите не се придржуваме на одлуките и забраните, ако ние даваме погрешен и срамен пример пред граѓаните, тогаш не треба ни да се занимаваме со политикa, напиша денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев како реакција на вчерашната вечерка на опонентот Христијан Мицкоски во ресторанот на „Боемска“.

Арно ама, наместо лајковите и пофалбите кои ги очекуваше, јавноста има да му порача друго.

Доста више си се препуцавате и собирате политички поени, на штета на народот. Ич не ни е гајле за вашите избори зашто никој освен вашите партии нема никаков ќар од тоа и сега сето тоа ни е јасно.
Силно НЕ од граѓаните ќе добијат и политичарите на кои што им е страв да ги искараат и плеснат по рачето нашите сограѓани кои се малцинство за да не изгубат гласови на тие избори што толку ги форсирате, правејќи остатокот од народот да трпи.
Граѓаните осудуваат фактот што се инсистира на избори, за да вие политичарите со приватни фирми на страна си ги полните џебовите пак, додека им го оневозможувате и тоа малку парче леб на сопствениците на малите бизниси.
Сите сте исти. Со прстот вперен кон другиот, надевајќи се дека другиот ќе зафркне работа за да вие изгледате подобро, зошто сами по себе, ниедна партија очигледно не е вредна во државава, се вели во еден коментар под постот на Заев.

Има политичари од висок степен, кои знаат да ја водат државата правилно без да се замараат со опозицијата!

Политичари од низок степен се оние што губат време да ја напаѓаат опозицијата!
Било која личност што изгубила време да напише ваков пост за одредена особа, зборува гласно за стравот од истата особа!

Дали вашата нечиста работа како политичар го создаде тој страв?, се вели во друга реакција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This