,,ТИ СИ НАША, МОЖЕ ЛЕСНО ДА ПОМИНЕШ, АМА НА ТОЈ KAУРOT ФАМИЛИЈАТА ЌЕ МУ ЈА PACПЛАЧEME”: Пратеник од ДУИ им се зakaнувaл на обвинителите Фетаи и Бубевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на ДУИ, Ејуп Алими кој се фотографираше со Заев како слави кога се менуваше уставното име на Македонија, сега по судови се заканува на обвинители. Имено Алими е обвинет за ,,Титаник 3”, односно за изборни нерегуларности во Чаир. Пратеникот на ДУИ им се обратил на обвинителите од СЈО Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи во врска со еден од клучните сведоци на СЈО кој требаше да даде исказ на денешното рочиште.Алими им рекол на обвинителите дека одбраната е поревносна од нив и дека до судот доставила венчаница со адресата на сведокот, а дека СЈО ништо не прави во врска со тоа.
Тогаш, Бубевски му рече: „Да, да, вие сте подобри од нас, секако“.

Адвокатот Мефаил Арслани му одговори: „Да, подобри сме, секако“.

Бубевски искоментира: „Да, добри сте и кога ми се зakaнувате.“

„Кој ви се заканувал“, праша адвокатот.

Фетаи возврати: „Па ти беше тој што ми ја пренесе зakaната дека ’ти си наша, може лесно да поминеш‘, ама на тој каурот ќе му ја расплачеме фамијата“.

 

Очигледно дружбата на Алими со Заев му дава доволно сила да може да се зakaнува на обвинители.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This