ТИ ЌЕ ЛЕТАШ ОД РАБОТА, И ТОА НА КЛОЦИ: Директорката на пошта со закани дека ќе ги бркала „одвратните вмровци“ кои биле на митинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Раководителка од АД Македонска Пошти на својот Фејсбук профил им се закани на граѓаните кои излегоа на вчерашниот протест на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ. Имено станува збор за Роберта Гавриловска, раководител во државното претпријатие Македонски Пошти и истакнат активист на СДСМ. Таа во Фејсбук пост се закани со бркање од работа на сите вработени во пошта кои присуствувале на вчерашниот митинг на опозицијата.

,,Ѓубриња, вмровски, одвратни сте, требаше да летате сите од работа, па да ве видев дали ќе идевте на митинг!’’, напиша таа.

 

На нејзиниот Фејсбук профил може да се забележат фотографии со голем број високи владини функционери, меѓу кои и со новиот земеник министер за надворешни работи Андреј Жерновски, како и со Влатко Васиљ. Меѓу другото таа говори и за промени во пошта на подобро и дека претпријатието се враќа на добар пат.

Дали вака Гаврилоска ги замислува промените на подобро во претпријатието, дали ова е начинот на кој што треба да функционира Македонска Пошта? Очигледно е дека и ветувањето за слобода на изразување на политички ставови за граѓаните на Зоран Заев не се исполни. Сепак и покрај се вчерашниот митинг на опозицијата беше еден огромен успех за новото раководство, а бројката од 60 илјади граѓани на настанот огромна победа за самите граѓани кои и покрај притисоците и заканите од власта се одважија да излезат на улиците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This