„ТИ CПИEШ ВО АВТОМОБИЛ, А ЈАС ОД СТАН ОД 300.000 ЕВРА“: Милица Павловиќ ја прозва Рада Манојловиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милица Павловиќ и порачува на Рада Манојловиќ да продолжи да спие во џипот од 50.000 евра и може само да сонува за нов стан од 300.000 евра!

Пејачката неодамна купи стан од 90 квадратни метри во ексклузивна населба во Нов Белград. Напорот се исплати, а пак скоро подновената Рада Манојловиќ со пофали со нов „Ровер“. Павловиќ не е потресена од фактот дека таа сè уште не поседува автомобил.

“Рада може да спие во автомобилот, а јас во мојот стан. Секој избира каде ќе спие. Еве, јас немам автомобил, но затоа имам покрив над главата”, ја поткачи Милица колешката за српски „Кури“ и продолжи да се фали:

„Конечно се преселив во станот. Сега можам да кажам дека мојата напорна работа конечно се исплати. Сите пари што ги заработив од третиот албум ги вложив во овој имот. Првите што влегоа во мојот стан беа моите баби и дедовци. Наздравивме со домашна ракија за моето вселување. Нивните изрази на лицето кога видоа колку е убаво вредат повеќе од целиот овој стан “.

Фолк sвездата го плати станот 270.000 евра, а 30.000 инвестираше во опремнина. Нејзини први соседи се пејачот Саша Ковачевиќ и тенисерите Новак Доковиќ и Филип Краинановиќ за кој се шпекулира дека се во тајна врска. “Јас навистина не сум го сретнала Филип. Дали тој ми помогна во селидбата? Прашајте го него.”- завршува Милица Павловиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This