ТОА Е КОГА ПРИВАТИЗАЦИЈАТА ТРАЕ БЕСКРАЈНО: Полицијата сакала да апси граѓански активисти кои користеле јавен простор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На првиот обид за користење на отворен простор за културни иницијативи во Скопје се појавила полиција која ги бркала десетината млади луѓе кои што сакале да дискутираат за култура и да слушаат музика. Инцидентот се случил во старата фабрика Купром која веќе не работи посочува граѓанскиот активист и новинар Артан Садику кој е видно разочаран од ваквото однесување на власта.

“Замислете го Скопје кое се раководи од идеите на неговите активни граѓани! Замислете го, и замислете се за тоа кој и како раководи со градов. Има огромна разлика! Можеме да сме пример за отворен, динамичен и партиципативен град, а сме затворена, загадена и зачмаена дупка. Заслужуваме подобро, многу подобро”, коментира Садику за инцидентот со полицијата.

 

 

Коментираат и други граѓански активисти според кои во Македонија се уште владее авторитарен општествен наратив.

“Тоа е тој привид на промена на општествениот, интернализиран, авторитарен, некритички, супресивен општествен наратив… ако, добро е да се знае каде сме и на што сме…”, пишува активистка Искра Гешоска во врска со инцидентот останал само на вербална расправија без употреба на физичко насилство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This