„ТОА СО БОКИ ДА СЕ ЗАВРШЕ“: 13-ка го користеше синот на Јанева за да peкетира, cвeдочи Камчев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секогаш кога Ана Камчева одела во канцеларија кај Бојан Јовановски во 1 ТВ, Боки 13 на спикерфон ја уклучвал Катица Јанева, тврди сведокот Орце Камчев во судницата, во отсуство на неговата сопруга која не беше во состојба поради здравствени причини да присуствува во судницата. Сето ова се случува во периодот кога Камчев се наоѓа во притвор за како што вели конструираниот случај „Рекет“. 

-На втората средба кај него во канцеларија кај него во канцеларија ја викаат во попладневни часови во 3-4 часот, влагаат и Зоран Милевски, на масата седи Бојан, лево од него на компјутер работи некој дечко смеѓ и вика ова е се запознаваат, седат. Бојан му кажува на дечкото да ја напушти канцеларијата и и вели ова е Лазар Јанев, синот на Катица Јанева, значи ќе ја завршам работата се што треба ќе направам, треба да ми платиш пари. Оваа го гледа збунето вика, ниту имам пари, треба да зборам со Орце, за што да ти дадам пари. Епа еве гледаш кој седи на масава, кој е со мене Ана тоа подобро ќе ви каже, вели Камчев.

 

Откако средбите на Ана Камчева не вродиле со плод, односно таа не платила рекет, Јовановски договорил средба и лично со Јанева на која таа и се заканилна на Камчева дека доколку тоа со Боки не се заврше, СЈО ќе отвори и нови предмети за Орце Камчев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This