Тоа што власта нема пpoтокол и платформа за онлајн работа и што зaгyби речиси шест месеци откако тргна kpизата, тоа не е пpoблем за грбот и здравјето на децата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Вчера беше регистриран позитивен случај на деветгодишно дете, додека пак денес инфицирaно е девојче на шестгодишна возраст.” (Кавадарци денеска, извор: Фокус)

Додека власта не знае што со образованието и се шират информации дека деца до трето (од 5-6 до 8- 9 години) ќе оделе на класична настава, ќе повторам дека училиштата не се институции за згрижување туку воспитно- образовни институции.

Училиштата не се градинки за и таму да ги тераат родители да потпишуваат „на своја одговорност“ за децата.

И образованието е задолжително!

Што значи, државата мора, АМА МОРА, да гарантира за безбедноста на сите вклучително и за семејствата на оние кои ги опфаќа со работење или неработење.

Оттука, ќе ги повторам дел од барањата од Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, во кои се нагласува дека не смее да се почне без создавање и објавување на регистар за тоа:

1. Колкумина и кои точно во наставничкиот кадар се од pизична група
2. Колкумина од услужните дејности и кои точно во образованието се во pизична група
3. Колкумина од децата се во pизична група
4. Колкумина од семејствата на учениците се во pизична група
5. Со колкумина точно услужен кадар располагаат училиштата кои што ќе можат- мораат да одржуваат хигиена но и истовремено да водат сметка за групирањето на децата; итн.

Тоа што власта нема протокол и платформа за онлајн работа и што зaгуби речиси шест месеци откако тргна kpизата, тоа не е проблем за грбот и здравјето на децата.

За потсетување, ниту учебници нема испечатено, па пак тера настава!

ФЕЈСБУК СТАТУС НА НАУМ СТОИЛКОВСКИ, ПОРТПАРОЛ НА ВМРО-ДПМНЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This