ТОА ШТО ГРУЕВСКИ ГО ОДБИ, ЗАЕВ СО ДВЕ РАЦЕ ГО ПОТПИША: Двојазичноста и платформата на маса пред Ахмети со гаранција од Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Али Ахмети пред неколку дена најави дека нема да се брза во одлуката кого да избере за коалициски партнер од македонскиот блок. Тој не ја исклучува можноста да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што СДСМ се надева на позитивен одговор од ДУИ

dvojazinca_tabla

Откако лидерот на СДСМ, Зоран Заев, достави писмени гаранции за барањата од ДУИ, неизвесно е кога во Мала Речица ќе се изјаснат дали тоа е прифатливо. Од двете партии молчат за тоа што точно содржи писмото што е испратено и дали тоа значи дека СДСМ целосно ја прифаќа платформата која на почетокот на јануари ја објавија албанските партии како услов за коалицирање во владата.

„Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија. Сеопфатна дебата за знамето, химната и државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ги рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност“, пишува во албанската платформа.

pronajdeni-chovechki-cherepi-i-koski-vo-dvorot-na-ahmeti-vo-zajas

Али Ахмети пред неколку дена најави дека нема да се брза во одлуката кого да избере за коалициски партнер од македонскиот блок. Тој не ја исклучува можноста да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што СДСМ се надева на позитивен одговор од ДУИ и на нивни потписи кои ќе треба да ги достават до претседателот Иванов, со што Заев и формално би станал мандатар.

Работните групи на ДУИ и „Алијансата за Албанците“ вчера се сретнаа за да разговараат дали понудата од СДСМ е прифатлива и до каде се преговорите за формирање влада.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, рече дека најголем дел од разговорите со ДУИ биле посветени на прашањето за двојазичноста.

gruevski-2-520x347

– Се бараше двојазичност на целата територија на Република Македонија, изедначување на македонскиот и албанскиот јазик. Ние им го кажавме нашиот став, дека тоа не треба да се прифати и дека е нелогично да има двојазичност на целата територија во држава во која Македонци има 65, а Албанци 25 отсто – рече Груевски.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This