ТОДОРОВИЌ ЖРТВА НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА: Медиумската сензација на провладините медиуми, нема никаква врска со вистината!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со сензационални наслови и преплавени социјални мрежи, денес, владините медиуми се обидоа да постават теза дека одговорноста за мостот „Око“ паѓа врз екс-градоначалникот на општина Центар Владимир Тодоровиќ. Сепак, про-владините медиуми одбиваат да ја обелоденат целата состојба во врска со случајот

Имено, започнувајќи од постапката за прибирање на понуди, па се до завршување на изградбата на мостот, општина Центар и градоначалникот Тодоровиќ се воделе исклучиво по закон, а компанијата која го добила тендерот никаде не се пожалила на постапката пред општината. Поради лошата репутација на компанијата „Конструктор“ општината побарала и банкарска гаранција дека работата ќе биде завршена навремено и согласно барањата.

Во текот на работата компанијата западнала во финансиски потешкотии и не била во состојба да ја доврши работата, по што градоначалникот Тодоровиќ наредил да се раскине договорот и да се активира банкарската гаранција.

Пропустот се случил кога одговорните служби во општина Центар, наместо по констатираните недоследности при изградбата на мостот веднаш не ја активирале банкарската гаранција или пак да побараат продолжување на истата. Сепак, Тодоровиќ успеал да ја компензира штетата која службите ја направиле на општината, со тоа што дополнителните работи кои ги изработила компанијата „Конструктор“ во висина од 20 милиони денари, ниту биле признаени од негова страна, ниту биле исплатени. Ова јасно укажува дека Тодоровиќ се однесувал совесно и одговорно и не го оштетил, туку го заштитил буџетот на општината.

Она што дополнително го кријат про-владините медиуми е фактот што Тодоровиќ беше единствениот градоначалник на општина Центар кој во својот мандат не користеше службени автомобили, возачи, репрезентација, дневници или други бенефити од позицијата. Дотолку повеќе, Тодоровиќ спроведуваше и постојани хуманитарни акции кои беа финансирани од неговата компанија.

Оттука произлегува дека, одговорноста за случајот всушност паѓа на раководителите на општинските служби кои навремено не ја активирале банкарската гаранција, а во никој случај врз градоначалникот на опшинтата. Но, во држава во која правото е само монета за поткусурување, а секое обвинение и пресуда се политичка нарачка, јасно е дека се работи за уште една пиар стратегија на власта, на која и треба „голема жртва“ со цел да се покаже „криминал“ во проектот „Скопје 2014“.

Јасно е дека нарачката до обвинителството е политичка, имајќи во предвид дека наместо да се погледне законот за државни службеници и јавна администрација, се отвара ад-хок обвинение, кое речиси и нема правна смисла, но пак има голема употребна вредност во смисла на анатемисување на политичките неистмисленици.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This