Тодоров: Време е за крај на кризата, и претходно бевме и сега сме подготвени за избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оваа криза предолго трае. Кризата ја наметна опозицијата, веројатно сметаа дека преку криза може да добијат нешто или да ловат во матно, но тоа се покажа како погрешна проценка, затоа што граѓаните го препознаа нивниот начин на функционирање, деструкцијата и конфликтноста која ја продуцираа. Ние со оваа серија на настани која денеска започна, сакаме да им порачаме дека е време за крај на политичката криза во Македонија и време е да почнеме да зборуваме за реалните проблеми на граѓаните и да се понудат решенија кои ќе им помогнат. Тоа е она што сите овие години го правевме и тоа е она што СДСМ сакаше да го замени со креирање на криза. Ние тоа не сакаме да го дозволиме и затоа сакме да порачаме дека е време за крај на политичката криза.

todorov

Ова го истакна вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров во Дневникот на ТВ Сител.

-На панел дискусиите ќе дебатираме на реалните теми. Теми на кои граѓаните може да ги препознаат решенијата на проблемите со кои се соочуваат- на тема економија, инфраструктура, здравство, животна средина, земјоделство, млади, спорт и така натаму. Тоа е реалниот живот, а не маглата која ја наметнува опозицијата, рече Тодоров.

Тој додаде дека еден од основните фокуси кои го има Владата е невработеноста.

-160.000 креирани работни места говорат за успешноста на оваа политика. Да не заборавиме дека СДСМ ја имаше можноста да управува со државата и остави во 2006 година енормно високи над 38 проценти невработеност. И денеска е висока невработеноста, но знаеме и дека невработеноста е намалена на околу 24 проценти. Тоа е огромно намалување на невработеноста и огромен успех, но уште ќе се работи, подвлече Тодоров.

Ние сме подготвени за избори, додаде, и претходно бевме и сега сме подготвени и мислм дека на овие избори граѓаните ќе имаат можност да стават крај на оваа криза и да се определат за проекти и дела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This