April 27, 2024, 12:20 am

ТОДОРОВ ГО ЗАБИ ЕДНО ОД ,,НОЖИЊАТА” ВО ГРБОТ НА ГРУЕВСКИ: „Приказните на Тодоров, вредат само на состаноците во ‘Сириус’“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Социјалните мрежи вријат по вечерашниот настап на екс министерот за здравство, Никола Тодоров во Канал 5 телевизија кој конечно го покажа своето вистинско лице и за кого работи изминатите неколку години. Откако се потврди информацијата дека тој редовно се состанува со Зоран Заев и одработува за промена на името, тој се обиде неуспешно со своето вечерашно гостување да го оправда своето предавство.


На неговот интервју реагираше и екс министерката за внатрешни работи и актуелен политички аналитичар, Наталија Ивчева која напомена дека токму идејата за ВМРО-ДПМНЕ како центар десна партија, идеја која потекнува лично од Тодоров се покажа како погубна на локалните избори 2017. Таа како познавач на внатрепартиските состојби во ВМРО-ДПМНЕ посочи дека идејата за менување на идеолошката матрица на партијата  потекнува лично од него.

Ивчева потсети и на говорот на Груевски на конгресот во Валандов, каде екс премиерот ги спомена многуте ножиња од неговите најблиски соработници и луѓе од партијата кои се радувале на изборниот пораз на локалните избори, напоменувајќи дека Груевски говорел токму за Никола Тодоров!

-Еве Никола Тодров го гледам на (К)анал5 , зборува дека ВМРО-ДПМНЕ била „радикална десница“, а тој сакал партијата да биде центар-десна партија. Тоа било успешно.

Чисто информативно, за вакви популистички, манипулативни изјави да му објаснам….

Менувањето на идеологијата од десничарска, во центар-десна партија беше причината за поразот пред две години. Идејата за менување на идеолошката матрица беше токму негова – на Никола Тодоров.

Според Тодоров, Мицкоски бил радикален, а додека не органзираше протести бил „мек“. Вечерва, од бина на протест уште еднаш Мицкоски повтори дека ќе води „Гандиевска битка“. Очигледно е, Нино лаже.

Чисто за потсетување, „ножињата“ на кои алудираше Груевски во својот говор од Валандово, се однесуваше токму на Тодоров и неговото водење на РИШ на последните избори.

Се сеќавате на изјавата на Груевски дека додека пристигнувале резултатите на кои веќе бил очигледен поразот, некои функционери „кои станале луѓе“ благодарение на ВМРО-ДПМНЕ се радувале – не можеле да ја сокријат радоста на нивните лица. Тоа е „ножето“…

Така да, може да брка работа и прикаски да кажува во „Сириус“, коментира Ивчева на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This